Јован 15:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Кој Ме мрази Мене - Го мрази и Мојот Татко.

24. Да не бев направил чуда меѓу нив, какви што никој друг не направил, немаше да бидат виновни за грев. Но тие, и покрај тоа што ги видоа Моите дела, сепак не замразија и Мене и Мојот Татко.

25. Но ова е за да се исполни претскажаното во Светото Писмо: ,Без причина Ме замразија‘.

26. Кога ќе дојде Помошникот - Духот на вистината, Кој произлегува од Таткото и Кого Јас ќе ви го пратам од Таткото - Тој ќе ја објавува вистината за Мене.

Јован 15