Јован 15:21-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познаваат Оној што Ме испрати.

22. Да не дојдев и да не им зборував, немаше да бидат виновни за грев. Но сега немаат изговор за своите гревови.

23. Кој Ме мрази Мене - Го мрази и Мојот Татко.

24. Да не бев направил чуда меѓу нив, какви што никој друг не направил, немаше да бидат виновни за грев. Но тие, и покрај тоа што ги видоа Моите дела, сепак не замразија и Мене и Мојот Татко.

25. Но ова е за да се исполни претскажаното во Светото Писмо: ,Без причина Ме замразија‘.

Јован 15