17. Значи, ви заповедам да се сакате еден со друг!“
18. „Кога луѓето од овој свет ќе ве мразат, сетете се дека прво Мене Ме замразија.
19. Да му припаѓавте на светот, тој ќе ве сакаше како свои. Но Јас ве избрав од светот и вие не му припаѓате на светот; затоа светот ве мрази.
20. Спомнете си на зборовите што ви ги кажав: ?Слугата не е поголем од својот господар‘. Штом Мене Ме прогонуваа, и вас ќе ве прогонуваат. Штом Моето учење го слушаа, ќе го слушаат и вашето.
21. Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познаваат Оној што Ме испрати.
22. Да не дојдев и да не им зборував, немаше да бидат виновни за грев. Но сега немаат изговор за своите гревови.
23. Кој Ме мрази Мене - Го мрази и Мојот Татко.
24. Да не бев направил чуда меѓу нив, какви што никој друг не направил, немаше да бидат виновни за грев. Но тие, и покрај тоа што ги видоа Моите дела, сепак не замразија и Мене и Мојот Татко.