Јован 14:9-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Исус му одговори: „Филипе, долго време сум со вас. Зар не знаеш кој сум Јас!? Секој што Ме видел Мене, Го видел небесниот Татко. Како можеш да кажеш: ?Покажи ни Го небесниот Татко‘?

10. Зарем не веруваш дека Јас сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги зборувам Јас не ги зборувам од Себе, туку небесниот Татко, Кој живее во Мене, ги врши Своите дела.

11. Верувајте Ми дека Јас сум во Таткото и Таткото е во Мене, или барем верувајте заради чудата.

12. Ве уверувам дека секој што верува во Мене ќе ги прави истите дела што ги правам Јас, а и поголеми од Моите, зашто Јас заминувам кај небесниот Татко.

13. Секоја ваша молба упатете ја до Мене и Јас ќе ви ја исполнам. На тој начин Синот ќе Му донесе слава на небесниот Татко.

14. Јас ќе направам се што ќе побарате во Мое име.

Јован 14