Јован 14:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. „Не вознемирувајте се! Верувајте во Бог! Верувајте и во Мене!

2. Во домот на Мојот небесен Татко има многу живеалишта. Ако не беше така, зар ќе ви речев дека одам да приготвам место за вас?

3. Откако ќе отидам и ќе ви приготвам место, повторно ќе се вратам и ќе ве земам кај Себе, за да бидете и вие таму каде што сум Јас.

4. Вие го знаете патот до местото каде што заминувам.“

5. Тома Му рече: „Господе, ние не знаеме ни каде заминуваш! Како, тогаш, можеме да го знаеме патот!?“

6. Исус му одговори: „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Без Мене, никој не може да дојде кај небесниот Татко.

7. Ако Ме познавате Мене, Го познавате и Мојот Татко. Отсега Го знаете и сте Го виделе.“

Јован 14