Јован 13:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Веднаш по залакот, Сатаната влезе во Јуда. Исус, пак, му рече: „Направи го брзо тоа што си наумил да го направиш!“

28. Но никој од присутните не разбра зошто Исус му рече така.

29. Јуда беше задолжен за ќесето со пари, па некои помислија дека Исус му порачува да купи се што е потребно за празникот, или да им даде нешто на сиромасите.

30. Кога Јуда го прими залачето леб веднаш излезе. А беше ноќ.

31. Кога Јуда излезе, Исус рече: „Сега Синот Човечки ќе биде прославен и Тој ќе Му донесе слава на Бог.

Јован 13