Јован 13:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Еден од Неговите ученици беше навален на Исусовите гради. Тој му беше најомилениот ученик на Исус.

24. Нему Симон Петар му даде знак да праша на кого се однесува реченото?

25. Тој повторно се навали на Исусовите гради и Го праша: „Господе, за кого зборуваш?“

26. Исус му одговори: „Тоа е оној на кого ќе му го дадам залакот што ќе го макнам.“ Потоа го макна залакот и му го даде на Јуда Искариот, син на Симон.

Јован 13