Јован 12:43-48 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

43. Тие повеќе сакаа да добијат пофалба од луѓето, отколку од Бог.

44. Тогаш Исус гласно извика: „Секој што верува во Мене, истовремено верува и во Оној што Ме испрати!

45. Секој што Ме гледа Мене, Го гледа Оној што Ме испрати.

46. Јас дојдов за да бидам светлина на овој свет. Кој верува во Мене, нема да живее во мрак.

47. Јас нема да им судам на оние што ги слушаат Моите зборови, а не ги исполнуваат, зашто Јас дојдов да го спасам светот, а не да му судам.

48. За оние што Ме отфрлаат и не ги примаат Моите зборови постои Судија: учењето што го објавив ќе им суди на Судниот Ден.

Јован 12