Јован 12:10-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Тогаш свештеничките поглавари решија да го убијат и Лазара,

11. бидејќи заради него голем број Евреи ги напуштаа свештениците и почнуваа да веруваат во Исус.

12. Следниот ден многубројниот народ што беше дошол на празникот разбра дека Исус доаѓа во Ерусалим.

13. Луѓето зедоа палмови гранчиња, па излегоа да Го пречекаат, извикувајќи: „Спаси не сега! Благословен е Тој што доаѓа во името на Господ! Благословен да е Царот на Израел!“

14. Исус најде едно младо магаре и се качи на него, токму како што беше претскажано во Светото Писмо:

15. „Не плаши се, ерусалимски народе! Погледни! Царот твој доаѓа, јавајќи на младо магаре!“

16. Во почетокот Неговите ученици не сфатија дека ова беше исполнување на пророштвото, но кога Исус се прослави, тогаш си спомнаа дека ова беше претскажано за Него и дека тие беа учесници и очевидци.

Јован 12