48. Ако го оставиме да продолжи вака сите ќе поверуваат во Него, па ќе дојдат Римјаните и ќе ни ги уништат и храмот и нацијата!“
49. Тогаш еден од нив, по име Кајафа, кој таа година беше Првосвештеник, им рече: „Вие ништо не разбирате!
50. Не сфаќате ли дека е подобро еден човек да умре за народот, отколку целата нација да ни биде уништена!?“
51. Ова тој не го кажа од себе, туку, бидејќи таа година беше Првосвештеник, тој прорече дека Исус мора да умре за еврејскиот народ.
52. И не само за тој народ, туку и за да ги собере и обедини во едно сите распрснати Божји чеда.
53. Од тој ден, еврејските верски водачи решија да Го убијат Исуса.
54. Поради тоа, Исус повеќе не можеше слободно да патува по Јудеја. Тој оттаму замина кон пределот близу до пустината. Влезе во едно гратче по име Ефраим и таму остана со Своите ученици.
55. Наближуваше еврејскиот празник Пасха. Голем број луѓе од внатрешноста се искачија во Ерусалим пред Пасха, за да го извршат церемонијалното исчистување.
56. Тие го бараа Исуса и собрани во храмот си зборуваа меѓу себе: „Што мислите, дали Тој ќе се осмели да дојде на празникот?“
57. Свештеничките поглавари и фарисеите издадоа заповед, ако некој дознае каде е Исус - веднаш да им јави, за да Го уапсат.