41. Тогаш луѓето го тргнаа каменот. Исус го подигна погледот кон небото и рече: „Татко, Ти благодарам што Ми ја услиши молитвата.
42. Јас знам дека Ти секогаш Ми одговараш на молитвите, но ова го реков заради народот што стои наоколу, за да поверуваат дека Јас сум Твој пратеник.“
43. Кога Исус ја заврши молитвата, извика: „Лазаре, излези надвор!“
44. Умрениот излезе, завиткан со повои околу нозете и рацете, а околу лицето му беше замотана шамија. „Одврзете го и пуштете го да оди!“ - им рече Исус.
45. Тогаш мнозина од Евреите, кои беа дојдени кај Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него.
46. Но некои од нив отидоа кај фарисеите и им кажаа што направи Исус.
47. Тогаш свештеничките поглавари и фарисеите го свикаа Синедрионот и почнаа да се советуваат: „Што да правиме? Овој човек прави многу чуда!