Јован 11:33-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

33. Кога виде Исус како плачат Марија и Евреите што беа со неа длабоко се натажи и се потресе.

34. „Каде го погребавте?“ - запраша Тој. „Господе“, - Му рекоа тие - „дојди да видиш.“

35. Исус заплака.

36. Тогаш присутните Евреи говореа: „Види колку го сакал својот пријател Лазар!“

Јован 11