28. Откако го рече ова, Марта си замина и кришум ја повика својата сестра Марија, па и соопшти: „Учителот е овде и те вика!“
29. Штом го слушна тоа, Марија бргу стана и Му појде во пресрет.
30. (Исус се уште не беше влегол во селото, туку беше на местото каде што Марта Го пресретна.)
31. Кога Евреите што беа со неа во куќата за да ја утешуваат видоа како Марија бргу стана и замина, тргнаа по неа. Претпоставуваа дека таа оди на гробот на својот брат Лазар за да плаче.
32. Кога Марија дојде до местото каде што беше Исус и кога Го виде, клекна пред Неговите нозе и Му рече: „Господе, да беше Ти овде мојот брат немаше да умре!“
33. Кога виде Исус како плачат Марија и Евреите што беа со неа длабоко се натажи и се потресе.
34. „Каде го погребавте?“ - запраша Тој. „Господе“, - Му рекоа тие - „дојди да видиш.“
35. Исус заплака.
36. Тогаш присутните Евреи говореа: „Види колку го сакал својот пријател Лазар!“