Јован 11:26-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Секој што ќе поверува во Мене за време на својот живот, никогаш нема да вкуси вечна смрт! Веруваш ли во тоа?“

27. „Да, Господе“, - Му одговори Марта - „јас поверував дека Ти си Месијата, Божјиот Син, што Го очекувавме да дојде на светот!“

28. Откако го рече ова, Марта си замина и кришум ја повика својата сестра Марија, па и соопшти: „Учителот е овде и те вика!“

29. Штом го слушна тоа, Марија бргу стана и Му појде во пресрет.

30. (Исус се уште не беше влегол во селото, туку беше на местото каде што Марта Го пресретна.)

Јован 11