Јован 11:16-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Во тој момент, Тома, кого го викаа Близнак, им рече на учениците: „Да одиме со Учителот и ние да умреме со Него!“

17. Кога Исус пристигна во Бетанија, Му кажаа дека Лазар е веќе четврт ден во гробот.

18. Бетанија беше близу до Ерусалим, на оддалеченост од околу три километри.

19. Многу сонародници на Марта и Марија беа кај нив, за да ги утешуваат по повод смртта на нивниот брат.

20. Кога Марта дозна дека Исус доаѓа, таа Му појде во пресрет, а Марија остана дома.

21. Марта Му рече на Исус: „Господе, да беше Ти овде мојот брат немаше да умре!

Јован 11