1. Еден пријател на Исус, по име Лазар, се разболе. Тој беше од селото Бетанија, и живееше со своите сестри Марија и Марта.
2. (Тоа беше онаа Марија што подоцна Го помаза Господа со скапоцен парфем и Му ги избриша стапалата со својата коса; нејзиниот брат, Лазар, беше тој што се разболе.)
3. Тогаш сестрите испратија ваква порака до Исус: “Господе, твојот драг пријател се разболе!“
4. Штом го слушна тоа, Исус рече: „Оваа болест на Лазар не е за тој да умре, туку за да Му донесе слава на Бог и за да се прослави Божјиот Син преку неа.“
5. (Исус многу ги сакаше Марта, нејзината сестра и нивниот брат Лазар.)
6. Сепак, откако слушна дека Лазар е болен, Тој остана уште два дена таму каде што беше.
7. Потоа им рече на Своите ученици: „Ајде сега да се вратиме во Јудеја!“
8. „Учителе!“ - Му рекоа учениците - „Еврејските верски водачи штотуку сакаа да Те каменуваат, а Ти повторно сакаш да одиш таму!?“
9. Исус им одговори: „Денот има дванаесет часа, нели? Тој што оди дење не се сопнува, бидејќи пред себе ја има дневната светлина.