Јован 10:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Исус им ја кажа оваа алегорична приказна, но тие не разбраа што сакаше да им каже.

7. Тогаш Исус повторно им рече: „Ве уверувам дека Јас сум вратата за овците.

8. Сите што дојдоа пред Мене беа крадци и разбојници, но Божјите овци не ги послушаа.

9. Јас сум вратата. Секој што ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе може да влегува, да излегува и да наоѓа пасиште.

10. Крадецот доаѓа само за да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да дадам живот - и тоа живот во сета негова полнота.

Јован 10