Јован 10:40-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Потоа Исус повторно отиде од другата страна на реката Јордан, на местото каде што Јован Крстител во почетокот крштаваше, и таму остана.

41. Многумина доаѓаа кај Него и велеа: „Јован не направи ниту едно чудо, но се што рече Јован за овој човек беше вистина.“

42. И голем број луѓе таму поверуваа во Исус.

Јован 10