Јован 10:33-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

33. Еврејските водачи Му одговорија: „Не Те каменуваме поради добрите дела, туку поради богохулство, зашто, иако си човек, се правиш Бог!“

34. Исус им одговори: „Зар не е запишано во вашиот Закон дека Бог вели за народните водачи: ,Јас реков, богови сте‘?

35. Ако Бог ги нарече богови оние на кои им беше дадена Божјата порака (а знаеме дека тоа што го вели Светото Писмо е секогаш точно),

36. како, тогаш, вие велите за Оној што Таткото Го освети и испрати во светот, дека хули на Бога, затоа што рекол ,Јас сум Божјиот Син‘?

37. Ако Јас не го правам истото она што го прави и Мојот небесен Татко, тогаш немојте да Ми верувате.

Јован 10