Јован 10:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир го дава Својот живот за овците.

12. Наемникот не е вистински пастир; овците не се негови, и кога тој ќе забележи дека се приближува волк ги остава овците и бега. Тогаш волкот го напаѓа стадото и го распрснува.

13. Наемникот бега, зашто е наемник и не му е грижа за овците.

14. Јас сум добриот Пастир. Јас ги познавам Моите овци и тие Ме знаат Мене,

15. како што Таткото Ме знае Мене, и како што Јас Го знам Таткото. И Својот живот го давам за овците.

Јован 10