Јован 1:44-48 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

44. Филип беше од Бетцаида, од каде што беа Андреј и Петар.

45. Филип го побара Натанаел и му рече: “Го најдовме Оној Кого Мојсеј Го навести во Божјиот Закон и Кого пророците Го претскажаа. Тоа е Исус, синот на Јосиф од Назарет.“

46. Натанаел му рече: „Може ли нешто добро да произлезе од Назарет!?“ „Дојди, па види!“ - му одговори Филип.

47. Исус забележа дека Натанаел доаѓа кај Него, па рече: “Еве чесен човек - вистински Израелец!“

48. „Од каде ме знаеш?“ - го праша Натанаел. “Пред да те повика Филип, Јас те видов кога беше под смоквата“ - му одговори Исус.

Јован 1