40. Едниот од двајцата што тргнаа по Исус, откако ги слушнаа зборовите на Јован Крстител, беше Андреј, братот на Симон, подоцна наречен Петар.
41. Андреј најнапред го најде својот брат Симон и му рече: „Го најдовме Месијата!“, а тоа преведено на грчки значи Христос.
42. Потоа Андреј го одведе својот брат кај Исус. Исус го впери Својот поглед во него и му рече: „Симоне, сине Јованов, ти ќе се викаш Кефа“ (Тој арамејски збор на грчки може да се преведе како: Петар).
43. Следниот ден Исус реши да замине во Галилеја. Таму го најде Филипа и му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“
44. Филип беше од Бетцаида, од каде што беа Андреј и Петар.
45. Филип го побара Натанаел и му рече: “Го најдовме Оној Кого Мојсеј Го навести во Божјиот Закон и Кого пророците Го претскажаа. Тоа е Исус, синот на Јосиф од Назарет.“
46. Натанаел му рече: „Може ли нешто добро да произлезе од Назарет!?“ „Дојди, па види!“ - му одговори Филип.
47. Исус забележа дека Натанаел доаѓа кај Него, па рече: “Еве чесен човек - вистински Израелец!“