4. И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето.
5. Оваа Светлина свети во темнината, и темнината никогаш не може да ја изгаси.
6. Се појави еден човек, по име Јован Крстител, кој беше испратен од Бог.
7. Тој дојде како сведок, за да им каже на сите за Светлината и да ги упати луѓето во верата.
8. Јован не беше Светлината; тој беше само сведок за Светлината.
9. Вистинската Светлина, која го осветлува секој човек, стапуваше на светската сцена.
10. Иако Зборот беше во светот и светот беше преку Него создаден, светот не Го позна.
11. Кај Своите дојде, но тие не Го прифатија.
12. А на сите што Го прифатија - на оние што поверуваа во Него - им даде право да станат Божји чеда.
13. Тие се нановородени, но овојпат не физички, не од телесна похота, или пак од волјата на маж, туку се родени од Бог.