33. Јас не ќе Го познаев, но кога Бог ме испрати да крштавам во вода ми рече: ,Врз Кого ќе Го видиш Светиот Дух да се спушта и да остане над Него, Тој е Оној што ќе крштава во Светиот Дух‘.
34. Јас видов дека тоа се исполни над Исус и сведочам дека Тој е Божјиот Син.“
35. Следниот ден, Јован повторно стоеше со двајца Свои ученици.
36. Тој Го здогледа Исуса како поминува и рече: „Еве Го Божјото Јагне!“
37. Кога го слушнаа тоа, двајцата Јованови ученици тргнаа по Исус.
38. Исус се сврте и ги виде како одат по Него, па им рече: „Што барате?“ Тие му рекоа: „Раби“, (што во превод значи: „Учителе“), „каде живееш?“