Јован 1:17-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а Исус Христос ни ги донесе љубовта и вистината.

18. Никој, никогаш не Го видел Бога; но имаме објава за Него, преку Единородниот Син - Кој е Бог, и Кој произлегува од Таткото.

19. Кога еврејските верски водачи од Ерусалим испратија кај Јован Крстител свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ - Јован им кажа отворено,

20. тој призна и не порекна, туку им рече: „Јас не сум Месијата!“

21. „Тогаш, кој си?“ - го запрашаа тие пак - „Илија ли си?“ „Не сум!“ - им одговори Јован. „Пророкот ли си?“ „Не сум!“ - одговори тој.

22. „Кажи ни кој си, зашто мораме да им однесеме одговор на оние што не пратија!“ - му рекоа тогаш тие. „Кажи, како се претставуваш себеси?“

23. Јован им одговори цитирајќи го пророкот Исаија: “Јас сум глас што вика во пустината: подгответе го патот за Господ!“

24. Некои од испратените беа припадници на фарисеите.

25. Тие го запрашаа: „Зошто тогаш крштаваш, ако не си ни Месијата, ни Илија, ниту Пророкот?“

26. Јован им одговори: „Јас крштавам во вода, а меѓу вас има Еден, Кого вие не Го познавате.

27. Иако јас дојдов пред Него, сепак не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам!“

Јован 1