Јован 1:12-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. А на сите што Го прифатија - на оние што поверуваа во Него - им даде право да станат Божји чеда.

13. Тие се нановородени, но овојпат не физички, не од телесна похота, или пак од волјата на маж, туку се родени од Бог.

14. Зборот стана човек и живееше меѓу нас. Ние ја видовме Неговата слава - славата што Тој ја прими како Единороден Син од небесниот Татко. Тој беше полн со љубов и искреност.

15. Јован посведочуваше за Него и викаше, велејќи: „Ова е Оној за Кого реков: ,По мене доаѓа еден Човек, Кој е поголем од мене, зашто Тој постоеше уште пред да се родам јас!‘“

16. Од Неговата полнота сите ние примивме благослов врз благослов,

Јован 1