1. Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог.
2. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог.
3. Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот!
4. И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето.
5. Оваа Светлина свети во темнината, и темнината никогаш не може да ја изгаси.