Јаков 5:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Слушнете ме сега вие што сте богати! Плачете и лелекајте заради многубројните неволи што ве очекуваат!

2. Гнило е вашето богатство, вашите облеки молци ги изедоа.

3. Вашето сребро и злато ’рѓосаа. Таа ’рѓа ќе биде сведоштво против вас. Ќе ги изеде вашите тела како оган. Напластивте богатство во овие последни денови.

4. Не им плативте на оние што ги косеа вашите ливади и тие неисплатени пари сега викаат против вас, а лелекот на оние што ги жнееја вашите ниви дојде до ушите на Семоќниот Господ.

5. Живеевте раскошно и разуздано на Земјата, си ги угоивте телата како добиток готов за клање.

6. Осудивте и убивте праведни луѓе, кои не можеа да ви се противстават.

Јаков 5