5. Зарем мислите дека Писмото попусто кажува дека духот што Бог го поставил да живее во нас до ревност копнее за нашата верност спрема Него?
6. Всушност, Бог е многу поблагонаклонет спрема нас, како што и кажува Светото Писмо: “Бог им се противставува на гордите, но спрема скромните е благонаклонет.“
7. Затоа, дозволете Бог да ве води. Противставете му се на Ѓаволот, па тој ќе побегне од вас!
8. Приближете се кон Бог и Тој ќе се приближи кон вас! Грешните луѓе нека си ги измијат рацете, лицемерните нека си ги пречистат срцата.
9. Нека жалат, нека тагуваат и нека плачат. Наместо да се смеат, нека тагуваат, наместо да се радуваат, нека жалат.
10. Бидете понизни пред Господ и Тој ќе ве воздигне!
11. Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг! Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон. А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате!
12. Само Бог е Законодавец и Судија. Само Тој може да спасува или да уништува. Со кое право ти му судиш на твојот ближен!?