10. Бидете понизни пред Господ и Тој ќе ве воздигне!
11. Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг! Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон. А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате!
12. Само Бог е Законодавец и Судија. Само Тој може да спасува или да уништува. Со кое право ти му судиш на твојот ближен!?
13. Слушнете ме сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во тој и тој град и таму една година ќе работиме, ќе тргуваме и ќе заработиме.“
14. Што знаете вие за утрешниот ден? Од каде знаете дали утре ќе бидете живи? Вашиот живот е како утринската магла: ќе се појави за кратко и набргу исчезнува.
15. Треба да велите: „Ако е Божја волја, ќе бидеме живи и ќе го правиме ова или она.“
16. Наместо тоа, вие самоуверено се фалите со вашите планови. Лошо е така да се фалите.