Јаков 2:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Токму на тоа се мисли кога Светото Писмо вели: „Авраам Му веруваше на Бог и заради неговата вера Бог го прогласи за праведник“, па го нарече и Свој пријател.

24. Значи, очигледно е дека човек станува праведен пред Бог преку своите постапки, а не само преку вера.

25. Така беше и со блудницата Рахаба. Бог ја прифати како праведна, зашто таа ги прифати израелските разузнавачи и ги упати на безбеден излез.

26. Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва.

Јаков 2