Јаков 1:5-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него.

6. Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива.

7. Таквиот човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ,

8. бидејќи е нерешителен и непостојан во се.

9. Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив,

Јаков 1