19. Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење.
20. Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас.
21. Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја насади во вашите срца и што може да ве спаси.
22. Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате. Исполнувајте го тоа што ќе го чуете!
23. Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало,
24. и ќе си замине, заборавајќи како изгледа!
25. Само оној што ќе се задлабочи во совршениот Закон, Законот што ослободува, и секогаш ќе се придржува до него, не заборавајќи го она што го слушнал, туку исполнувајќи го, ќе биде благословен од Бог во се што работи.