Галатјаните 5:3-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Уште еднаш ќе ви нагласам дека секој што ќе се обреже е должен да го спроведува целиот Мојсеев Закон.

4. Тие што се обидуваат да се помират со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, се одвојуваат од Христос и ја губат Неговата благонаклоност.

5. А ние, христијаните, со нетрпение очекуваме да бидеме оправдани, но преку Светиот Дух и преку вера.

6. За тој што верува во Исус Христос нема никакво значење дали е обрежан или не. Важно е да имате делотворна вера и таа да се искажува преку љубов.

7. Добро напредувавте. Кој ве спречи да продолжите да ја следите вистината?

8. Тоа сигурно не е Бог, зашто Тој ве избра.

9. Малку квасец треба за да скисне целото тесто!

Галатјаните 5