26. Сара го претставува небесниот Ерусалим. Таа не беше робинка, туку слободна. Таа е нашата мајка.
27. Светото Писмо за неа вели: „Радувај се жено неротко, ти што деца не си раѓала, излези и викај од радост ти што не си видела породилни маки, зашто повеќе деца ќе има неротката, од жената што има маж.“
28. Вие, драги христијани, исто како и Исак, сте деца родени по ветување.
29. Во тоа време детето родено од робинката го прогонуваше детето што беше родено по ветување. Така е и сега: телесните луѓе не прогонуваат нас, родените од Светиот Дух.
30. Но, еве што вели Светото Писмо: „Избркај ги робинката и нејзиниот син! Синот на робинката нема да биде сонаследник со синот на слободната. Синот на слободната жена ќе добие се.“