Галатјаните 1:19-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Со другите апостоли, освен со Јаков, братот Господов, не се ни сретнав.

20. Бог ми е сведок дека ова што ви го пишувам не е лага, туку е вистина.

21. Потоа заминав за Сирија и Киликија.

22. Христијаните во Јудеја се уште не ме познаваа лично,

23. туку само беа слушнале дека „оној што ги прогонуваше, сега и самиот ја проповеда верата што сакаше да ја уништи“.

24. И Го славеа Бог заради тоа што го направи со мене.

Галатјаните 1