14. Сепак, добро сте сториле што сте ми испратиле помош сега, кога ми е тешко.
15. Вие во Филипи, добро знаете дека кога заминав од Македонија, во раните денови на проповедањето на Радосната вест, вие бевте единствената црква што ми помагаше, единствените што го делеа со мене и доброто и злото.
16. Кога бев во Солун, не еднаш ми испраќавте помош, кога таа ми беше потребна.
17. Не барам јас подароци. Само сакам вие да добиете заслужена награда заради вашата грижа.
18. Сега, откако Епафродит ми ги предаде даровите што сте ми ги испратиле, имам се што ми треба, дури и повеќе. Тие се како принос за Бог со прекрасна миризба, жртва прифатлива и пријатна за Него.
19. Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.
20. На нашиот Бог и Татко слава нека Му е довека! Амин.
21. Поздравете ги сите што искрено веруваат во Исус Христос. Тие се свети луѓе. Ве поздравуваат и браќата што се со мене.
22. Ве поздравуваат сите христијани, а посебно оние што работат во дворецот на императорот.