Филипјаните 2:2-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. потрудете се мојата радост да биде целосна со тоа што ќе бидете сложни, ќе се сакате, и здружени ќе се стремите кон една иста цел.

3. Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе.

4. Не гледајте си ги само сопствените интереси, туку грижете се и за потребите на другите.

5. Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос:

6. Тој, иако по Својата природа е Бог, е ја искористи Својата еднаквост со Бог за да приграби нешто за Себе.

7. Напротив, се откажа од тоа и стана слуга, се роди во човечко тело и живееше како човек.

8. Како човек, Тој се понижи, остана покорен и по цена на Својот живот, и понизно умре распнат на крст.

Филипјаните 2