Филипјаните 2:19-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Ако Му е тоа по волја на Господ Исус, се надевам дека набрзо ќе можам да го пратам кај вас Тимотеј, та кога ќе се врати да ме израдува со вести за вас,

20. зашто немам друг истомисленик што толку искрено се грижи за вас.

21. Сите други работат за своја корист, а не за делото на Исус Христос.

22. Но, тој се има докажано како карактерен човек. Се сеќавате како работевме заедно на ширењето на Радосната вест: како татко и син.

23. Се надевам дека ќе можам да го испратам веднаш штом дознаам каква судбина ми се подготвува,

24. а се надевам дека Господ ќе ми овозможи наскоро и јас да дојдам кај вас.

25. Во меѓувреме, сметав дека е потребно да ви го пратам нашиот брат Епафродит, со кој заедно работевме и се боревме, откако вие ми го испративте да ми помага во разни потреби.

Филипјаните 2