Филипјаните 2:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Затоа, ако наоѓате охрабрување во фактот дека сте Христови следбеници, ако Неговата љубов ве утешува, ако имате заедништво со Светиот Дух, ако сте чувствителни и сочувствувате еден спрема друг, тогаш

2. потрудете се мојата радост да биде целосна со тоа што ќе бидете сложни, ќе се сакате, и здружени ќе се стремите кон една иста цел.

3. Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе.

4. Не гледајте си ги само сопствените интереси, туку грижете се и за потребите на другите.

5. Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос:

Филипјаните 2