1. Затоа, ако наоѓате охрабрување во фактот дека сте Христови следбеници, ако Неговата љубов ве утешува, ако имате заедништво со Светиот Дух, ако сте чувствителни и сочувствувате еден спрема друг, тогаш
2. потрудете се мојата радост да биде целосна со тоа што ќе бидете сложни, ќе се сакате, и здружени ќе се стремите кон една иста цел.
3. Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе.
4. Не гледајте си ги само сопствените интереси, туку грижете се и за потребите на другите.
5. Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос:
6. Тој, иако по Својата природа е Бог, е ја искористи Својата еднаквост со Бог за да приграби нешто за Себе.
7. Напротив, се откажа од тоа и стана слуга, се роди во човечко тело и живееше како човек.
8. Како човек, Тој се понижи, остана покорен и по цена на Својот живот, и понизно умре распнат на крст.
9. Затоа Бог Го воздигна и Му даде име поголемо од секое друго име.
10. Пред тоа име, пред Исус, сите суштества на колена ќе клекнат: небесните, земните и оние под земјата,
11. сите отворено ќе признаат дека Исус Христос е Господ! Тоа ќе Му донесе слава на Бог Таткото.