19. Јас, Павле, со своја рака ти пишувам: „Јас ќе ти се оддолжам.“ Нема сега да спомнувам дека и самиот ти си мој должник.
20. Брате мој, направи ми ја таа услуга заради Господ, зарадувај ме заради Христос.
21. Сигурен сум дека ќе сториш се што побарав од тебе, дури и повеќе.
22. Приготви за мене соба, зашто се надевам дека твоите молитви ќе бидат услишани и набргу ќе можам повторно да те посетам.