Филимон 1:16-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. но не веќе како роб, туку како нешто многу повеќе, како драг брат. Мене ми е драг пријател, а тебе сигурно ќе ти биде уште подраг и како личност и како човек што верува во Господ.

17. Ако ме сметаш за пријател, прифати го како што би ме прифатил мене.

18. Ако ти направил некаква штета, или ако нешто ти должи, стави го тоа на моја сметка.

19. Јас, Павле, со своја рака ти пишувам: „Јас ќе ти се оддолжам.“ Нема сега да спомнувам дека и самиот ти си мој должник.

20. Брате мој, направи ми ја таа услуга заради Господ, зарадувај ме заради Христос.

21. Сигурен сум дека ќе сториш се што побарав од тебе, дури и повеќе.

Филимон 1