Евреите 9:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Секако, и во првиот Завет меѓу Бог и Израел имаше одредби што се однесуваа на богослужењето и на Светилиштето, овде на Земјава.

2. Светилиштето, всушност, беше шатор со две простории. Во првата просторија која се нарекуваше Свето место се наоѓаа свеќникот и масата со посветените лебови.

3. Потоа имаше завеса, а зад завесата се наоѓаше Најсветото Место,

4. во кое беа сместени златниот жртвеник за кадење и Ковчегот на Заветот, обложен со злато од сите страни. Во ковчегот се чуваа: еден златен сад во кој имаше малку мана, стапот на Арон, што беше пуштил листови и камените плочи на кои беа запишани Десетте заповеди.

5. Над ковчегот се надвиснуваа славни херувими со раширени крилја над местото за помирување. Но сега не е време за ова детално да се зборува.

Евреите 9