Евреите 7:21-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Само Исус стана Свештеник со Божја заклетва, кога Бог рече: „Јас, Господ, ти се заколнувам и никогаш нема да се премислам: ,Ти вечно ќе бидеш Свештеник!‘“

22. Тоа значи дека заради Божјата заклетва Исус ни гарантира подобар Завет со Бог!

23. Други свештеници имаше многу, бидејќи смртта ги спречуваше вечно да останат на таа служба.

24. Но Исус нема да умре и затоа Тој вечно останува Свештеник.

25. Затоа Тој може еднаш засекогаш да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кај Бог. Тој е вечно жив и се застапува пред Бог за нив.

26. Токму таков Првосвештеник и ни требаше. Исус е свет, невин и безгрешен - поинаков од грешниците и возвишен над небото!

Евреите 7