Евреите 7:18-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Со тоа се укинува старото правило за свештенството, бидејќи беше слабо и бескорисно,

19. зашто Мојсеевиот Закон не е во состојба да направи ништо совршено. Наместо тоа, ни се дава многу подобра надеж, што може да не приближи до Бог.

20. Бог се заколна дека Христос засекогаш ќе биде Свештеник, а таква заклетва од страна на Бог немаше при назначувањето на ниту еден друг свештеник.

21. Само Исус стана Свештеник со Божја заклетва, кога Бог рече: „Јас, Господ, ти се заколнувам и никогаш нема да се премислам: ,Ти вечно ќе бидеш Свештеник!‘“

22. Тоа значи дека заради Божјата заклетва Исус ни гарантира подобар Завет со Бог!

23. Други свештеници имаше многу, бидејќи смртта ги спречуваше вечно да останат на таа служба.

24. Но Исус нема да умре и затоа Тој вечно останува Свештеник.

25. Затоа Тој може еднаш засекогаш да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кај Бог. Тој е вечно жив и се застапува пред Бог за нив.

Евреите 7