Евреите 4:11-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Затоа треба да се потрудиме да влеземе во тоа место на спокојство, зашто секој што Му е непослушен на Бог, како што беа Израелците, ќе отпадне.

12. Божјата порака е жива и делотворна, поостра и од најостриот меч со две сечила. Таа се пробива длабоко во нас, до нашите најдлабоки мисли и намери, соголувајќи ги и душата и духот во нас. Таа не разоткрива точно онакви какви што навистина сме.

13. Никој не може да се скрие од Бог! Се е докрај соголено и разоткриено пред Неговите очи. Пред Него сите ќе полагаме сметка!

14. Затоа да се држиме непоколебливо до верата што ја исповедаме, бидејќи Го имаме највозвишениот Првосвештеник - Исус, Божјиот Син, Кој отиде на небото!

Евреите 4