Евреите 4:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Божјото ветување за влегувањето во местото на Неговото спокојство се уште важи, но постои опасност некој од вас да задоцни да влезе, и тоа е сериозна причина за страв.

2. Зашто и ние ја чувме Радосната вест исто како и тие, но таа порака ним не им беше од никаква полза, бидејќи не поверуваа во тоа што им го порача Бог.

3. Само ние што веруваме ќе влеземе во спокојството што го ветува Бог. За тие што не веруваат Бог рекол: „Разгневен се заколнав: Никогаш нема да влезат во местото на Моето спокојство!“ Бог го рече ова иако Неговото место на спокојство беше подготвено уште од создавањето на светот.

4. По што, всушност, знаеме дека навистина било подготвено уште од самиот почеток? Па Бог во Светото Писмо за седмиот ден вели вака: „Откако ги заврши сите Свои дела, Бог си отпочина во седмиот ден.“

Евреите 4