Евреите 3:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Затоа, како што вели Светиот Дух: „Ако денес го слушнете Божјиот глас,

8. не стврднувајте ги вашите срца како вашите предци кога кренаа бунт против Бог и Го предизвикуваа во пустината!

9. Таму вашите предци Ме предизвикуваа, иако четириесет години ги гледаа Моите дела!

10. Тогаш се разгневив против тие луѓе и реков: Срцата на овие луѓе им се постојано во заблуди; не ги слушаат упатствата што им ги давам!

11. Затоа, разгневен се заветував, велејќи им: ,Вие нема никогаш да влезете во местото на Моето спокојство!‘ “

12. Внимавајте, драги пријатели христијани! Не дозволувајте вашите срца да станат зли и да се исполнат со невера, па да отпаднете од Живиот Бог!

Евреите 3