Евреите 3:3-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Но Исус заслужува поголема слава од Мојсеј, исто како што градителот заслужува поголема почит од градбата.

4. Секоја куќа има свој градител, а Бог е градител на се.

5. Навистина, и Мојсеј беше верен во Божјиот дом, но само како слуга. Неговата работа беше илустрација на вистините што Бог подоцна ќе ги објави.

6. Но Христос е верен Син и затоа Тој го раководи целото Божјо семејство, а тоа семејство сме ние, ако останеме храбри и не ја загубиме нашата надеж во Христос.

7. Затоа, како што вели Светиот Дух: „Ако денес го слушнете Божјиот глас,

8. не стврднувајте ги вашите срца како вашите предци кога кренаа бунт против Бог и Го предизвикуваа во пустината!

9. Таму вашите предци Ме предизвикуваа, иако четириесет години ги гледаа Моите дела!

Евреите 3